Регионалната комора Прилеп е една меѓу шестнаесетте регионални комори, која работи во составот на Стопанската комора на Македонија. Основана е во 1996 година и е наследник на Територијалниот одбор на Стопанската комора на Македонија, формиран во 1992 година за регионот.
Регионалната комора Прилеп е облик на територијално организирање и работење во рамките на Стопанската комора на Македонија, преку чие функционирање се обезбедува децентрализација на коморските задачи и активности и самостојно одлучување на членовите на Комората за работите и задачите од особено значење за регионот кој ги опфаќа општините: Прилеп, Крушево, Долнени и Кривогаштани.
– разгледува прашања во врска со унапредувањето на производството, прометот и стопанските услуги и со тековните проблеми на стопанството за регионот за кој е организирана;
– го реализира децентрализирањето на коморските задачи и активности во рамките на регионот;
– разгледува предлози и иницира донесување на акти од надлежност на органите на Комората;
– разгледува прашања и иницира предлози за развој на претприемништвото во регионот;
– активно придонесува при утврдувањето на развојните и структурните приоритети на регионот, особено во конципирање ставови и предлози за стопанисување со просторот, екологијата, развојот на стопанската инфраструктура (локални патишта, енергетика, комунални работи, транспорт и сл);
иницира постапки за донесување на прописи и мерки од областа на стопанството, од интерес за стопанството во регионот за кој е организирана или за стопанството во земјата;
– врши деловно-стручни и други услуги од сферата на инфраструктурата што е од интерес на стопанството во регионот;
иницира и остварува соработка по прашања од заеднички интерес со членовите на Комората од соседните региони или со регионални комори од другите земји, во согласност со програмските активности и општите акти на Комората;
– ги усогласува пројавените спротивности и различни интереси меѓу членовите на Комората во регионот;
– врши други работи од интерес на членовите, во рамките на надлежностите на Комората